Убиен портпаролот на авганистанскиот Фронт на националниот отпор

Портпаролот на Фронтот на националниот отпор (NRF) кој одбива да ѝ се потчини на нововоспоставената власт на радикалното исламистичко движење Талибан во северната авганистанска провинција Панџшир, Фахим Дашти бил убиен во борбите кои продолжуваат, објави во неделата вечерта агенцијата The Khaama Press.

Информацијата за загинувањето на Дашти, исто така, се појави и на еден од профилите на Twitter на ликалните милиции.

„Наиционалниот отпор на Авганистан со тага известува дека денеска загуби двајца собориц во светиот отпор против угнетувањето и агресијата. Загинаа Фахим Дашти, портпаролот на Фронтот на националниот отпор и генералот Абдул Вудод Зара“, се наведува во објавата без дополните поединости за судирот.

За загинувањето на Дашти објавија и други авганистански медиуми, кои во своите извештаи наведуваат дека тој бил „истакнат член“ на партијата Исламско општество во Авганистан. Но и во овие информации нема податоци за тоа кога и како загинал Дашти.

Претходно во неделата Дашти на својот акаунт на Twitter објави дека талибаните биле речиси целосно протерани од првинцијата Панџшир. Во неделата водачите на силите на отпорот изјавија дека се подготвени на прекин на борбите и почеток на преговори, доколку талибанските милитанти ја напуштат провинцијата. Но вечерта талибаните ја отфрлија неговата иницијатива, иако повеќе религиозни авторитети во Кабул претходно истапија со апел за мировни преговори мешу талибаните и претставниците на NRF.

„Не останаа теми за преговори откако беше одбиен нашиот предлог за мир. Движењето е блуску до воспоставување контрола над центаро на провинцијата откако зазема седум области“ во Панџшир, го цитира телевизијата Al Jazeera претставникот на политичката канцеларија на талибаните.

Силите кои се противат на власта на талибаните откако движењето на 15-ти август го зазема главниот град Кабул и практично ја завладеа целата територија на земјата, се групираа во северната планинска провинција Панџшир. Таму ги води Ахмад Масуд, син на Ахмад Шах Масуд командант кој се бореше против советската инвазија во 1980-те а во 1990-те години ги предодеше анти-таибанските сили Северна алијанса а беше убиен во терористички напад во 2001 година. Поранешниот авганистански потпретседател Амрула Салех се прогласи за привремен претседател и му даде поддршка на Масуд, засолнувајќи се во провинцијата со остатоците од владината армија и специјалните сили.