Убиен репрезентативец на Панама

Панамскиот фудбалски дефанзивец Жилберто Ернандез почина откако беше застрелан во градот Колон во неделата, јавуваат во понеделникот локалните медиуми.

Дваесет ишестгодишниот Ернандез настапуваше за клубот Атлетико Индепендиенте де Ла Хорера во панамската фудбалска лига, а забележа два настапи за националниот тим.

Локалните медиуми објавија дека Ернандез е убиен во престрелка во квартот Барио Норте во градот Колон. Во таа пресметка се ранети уште седум лица.

Во соопштението во понеделникот националната полиција го потврди апсењето на осомничениот за убиството на фудбалерот.