Убиен тинејџер во Нишка Бања, врсник го избодел со нож

Во Србија, околу 11 часот, во тепачка со врсник на потпокрив од куќа во Нишка Бања, е убиено 13-годишно момче. Момчето било избодено од врсник.

Сè се случило во домот на момчето, кое е осомничено дека му нанело фатални повреди на соученикот. Како што пишуваат српските медиуми, семејството на осомниченото момче имало лош глас.

Семејството било познато по насилство, а малолетникот подолго време носел нож со себе. Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за тепачката.

Второто момче е пренесено во болница и е во шок, а полицијата ги утврдува сите околности на овој случај.