![парада](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/parada.jpg?resize=696%2C388&ssl=1)
Дваесет и пет годишниот транс маж Малте Ц., кој беше тешко повреден во брутален напад во саботата вечерта за време на CSD Pride во Мунстер, почина рано утринава, соопшти полицијата. Овој инцидент шокираше многумина во Мунстер и низ цела Германија. Според изјавите на сведоците, Малте Ц. наводно се обидел да им помогне на жените на кои на прајд парадата им се заканувал непознат маж и им рекол дека се лезбејски курви, пишува Queer.de.
Според полицијата, 25-годишникот побарал од мажот да престане да го навредува, по што мажот силно го удрил по главата. Малте Ц. изгубил свест и ја удрил главата во асфалтот, а последните денови ги поминал во индуцирана кома.
За овој случај полицијата во понеделник формираше истражна комисија.
Осомничениот побегнал пеш со сопатник. Сведоците го опишаа како млад човек на возраст од 18 до 20 години, со слаба градба и висина од 1,70 до 1,80 метри. Имал брада, носел широки фармерки, маица со кратки ракави и капа. Тие наведуваат дека неговиот сопатник бил на иста возраст, исто така маж и дека носел бела маица.
Полицијата повторно апелира до сведоците да контактираат со службениците за да го идентификуваат сторителот или неговиот сопатник. Претставничката Најк Славик рече дека е шокирана од овој инцидент. „Ужасно. Страшно сум тажна. Поддршка до семејството. Се надевам дека сторителот е фатен“, напиша Славик на Твитер.