Убиен водачот на навивачите на „Црвена Ѕвезда“

Водачот на навивачите на „Црвена Звезда“, поточно на групата „Хиени“ Велибор Дуњиќ е убиен синоќа на кејот на Дунав.

При нападот тешко е ранет Мина Шобот (1987), јавуваат белградските медиуми. Исто така била ранета една девојка која веднаш била префрлена во Ургентниот центар.

Дуњиќ, во кој пукал засега непознат напаѓач, починал во возилото во кое бил за време на нападот кое стоело на еден паркинг на кејот на Дунав.

Тој во последно време се дружел со Милош Делибашиќ, кој е осомничен за друго убиство.

Инаку, против Дуниќ кој е познат на српските безбедносни служби како дилер на дрога и насилник, покренати биле 40 кривични пријави.

Во моментов против него се водат пет судски постапки, а од затвор бил пуштен по општа амнестија. Зад решетки завршил по пресудата дека на сплавот „Калипсо“ со Урош Аврамовиќ, исто така навивач на Црвена Звезда, тешко го повредил Андрија Чогуриќ.