Претседателката на шпанската провинција Леон и претседател на Конзервативната народна партија во провинцијата, Изабел Караско, убиена е доцна синоќа.
Таа е убиена со неколку истрели од огнено оружје, изјави портпаролката на полицијата.
„Една жена е уапсена и е под истрага за можна вмешаност во убиството“, додаде портпаролот на националната полиција.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој и други претставници на Националната партија која е на власт во Шпанија, како и социјалистичката опозиција, ги откажаа планираните обврски во пресрет на европските избори. (Крај)