Вооружен маж во неделата усмртил 19 лица во ноќен напад во текот на илегална борба на петли во западно Мексико, додека уште неколку лица од истиот инцидент се хоспитализирани, објавија локалните власти.
Пукањето се случико во Лас Тинахас во сојузната држава Мичоакан, каде моќниот картел Халиско на новото поколение војува со помалите локални банди за контрола над рутите за шверц на наркотици кон скапиот пазар во САД:
Три од жртвите се жени, соопшти канцеларијата на обвинителот во сојузната држава, додавајќи дека се прават напори да се утврди идентитетот на напаѓачот.
Сите жртви имале прострелни рани, а иследниците на местото на злосторството ги прегледувале извештаите за другите лица кои се пренесени во болниците, соопшти полицијата.
Лас Тинахас се наоѓа на околу 50 километри североисточно од Морелија, главниот град на сојузната држава Морелија.