Убиени двајца полицајци во Германија, се трага по сторителите

Двајца млади полицајци се убиени во понеделникот утрото во текот на редовна сообраќајна контрола на западот на Германија во сојзуната покраина Рајнска област-Пфалц, а по засега неидентификуваните сторили започната е потрага.

„Двајца полицајци, маж и жена, беа застрелани утрово во текот на сообраќајна патролирање меѓу Мајвајлерхоф и Улмет во областа Кузел“ се наведува во соопштението на полицијата и се додава дека засега нема никакви информации за сторителите.

„Полициска патрола дојави дека се пука врз нив, но кога колегите стасале на местото на настанот двајцата полицајци веќе им подлегнале на повредите“, соопшти полициската управа на местото Кузел, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц.

Убиениот полицаец бил на 29-годишна возраст, додека неговата колешка којашто сѐ уште минувала обука имала 24 години.

Според наводите на полицијата, двајцата биле во редовна патрола и запреле едно сомнително возило. Потоа стасала дојавата дека врз нов е отворен оган.

Агенцијата DPA пренесува дека инцидентот се случил околу 4,20 часот по локално време, како и дека се вериува дека најмалку еден од сторителите е вооружен.

Започната е потрага по сторителите во широк круг околу местото на настанот, а операцијата ја опфаќа и соседната сојузна покраина Сар. Властите апелираат на јавноста да ѝ помогне на полицијата со информации.

Весникот Bild пренесува дека во автомобилот кој го запреле, полицајците јавиле дека нашле убиен дивеч а потоа панично врескале дека врз нив се пука, но оваа информација не е официјално потврдена.