Двајца полицајци се убиени во престрелка во Лиеж, Белгија, пренесуваат тамошните медиуми. Неофицијално, убиен е и еден минувач, а неколкумина се ранети. Според очевидците, убиецот викал „алаху акбар“ додека пукал. Крвавиот инцидент се случил пред кафуле на булеварот Аврој, а убиецот наводно му го зел пиштолот на еден од полицајците при рутинска контрола. Потоа со оружјето ги застрелал полицајците и минувачот, па избегал кон училиштето каде ја зел заложничката, една од хигиеничарките.
Подцна бил убен од антитиерористичката полиција.
Полицијата ја затворила областа околу булеварот „Аврој“ во центарот на градот.
Не се познати мотивите за напападот, како ни идентитетот на напаѓачот. На местото на престрелката има голем број на полицајци. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе како панично бегаат по пукањето.
Засега се смета дека станува збор за терористички напад.
Во 2011 година во Лиеж во самоубиствен напад загинаа седум лица.
Нордин Амрани прво убил жена која го чистела станот, а потоа фрлајќи гранати и пукајчи од автоматска пушка уби уште шестмина, а рани 125 лица. Тој потоа се застрелал.