Две лица се убиени а трето е рането во понеделник во пукање во стидентскиот дом во кампусот на Тексашкиот универзитет (Texas A&M University) во местото Комерс, објави универзитетот на своите страници на социјалните мрежи.
Повреденото лице е хоспитализирано, а неговоата состојба не е позната, пренесува телевизиската мрежа ABC News.
Телевизијата CNN јавува дека жртвите се две жени, а оти е рането двегодишно момченце, кое е во стабилна состојба.
Во прилогот на телевизијата се наведува дека студент кој живеел во објект во кампусот утрото пријавил во универзитетската полиција за пукање во зградата.
Полицијата реагирала и ги нашла двете жени мртви во собата, потврдил шефот на универзитетската полиција Брајан Вогн. Тој одбил да каже дали двете жени биле студентки, како и да ги индетификува жртвите. Не одговорил на прашањето дали полицијата има осомничен и дали трага по него, туку само рекол дека „се лини дека нема други заакни“.
Претствници на кампусот не биле достапни за коментар. Наставата во универзитетот е откажана целиот ден.
Универзитетскиот кампус се наоѓа стотина километри североисточно од Далас.