Утрово во семејна куќа во Прилеп пронајдени се две мртви тела.
Според полициски информации, во 08:05 часот било пријавено дека на улица „Александар Македонски“, во куќа сопственост на Т.К. се слушнале истрели од огнено оружје. Од страна на полицијата на лице место биле пронајдени А.П.(41) и Т.К (мајка на А.П.) со прострелни рани а во другата соба од куќата е пронајден П.К. (дедо на А.П.) со прострелна рана во стомакот.
Доктор констатирал смрт кај (А.П.) и (Т.К).
Под сомнение дека сторител на убиството е 51 годишниот (Н.П), сопруг на (А.П.), тој е приведен.
Неофицијално повредено е уште едно машко лице кое сѐ уште се бори за живот.