Непознато лице отворило оган на забава на Ноќта на вештерките во американската сојузна држава Калифорнија, и според првичните информации најмалку четири лица се жртви на инцидентот, пренесе локалната телевизиска станица KTVU.
Пукањето се случило во 23 часот во четвртокот ноќта по локално време во градот Оринда. Според објавата на профилот на Twitter на шерифот на округот Контра Коуст, полицијата сѐ уште го истражува инцидентот.
Според репортерот на телевизијата, кој се повикува на локалните власти, четири лица загинале, а уште неколку биле ранети. Телевизијата Fox News објави дека добила потврда од локалната полицијата дека во инцидентот четири лица ги загубиле животите.
Претходно беше објавено дека три лица загинале а уште други девет се ранети во престрелка пред куќа во калифорнирскиот град Лон Бич ноќта кон средата. Според извештаите на локалните медиуми, пукањето се случило на забава организирана во пресрет на празникот Ноќта на вештерките.
“Looks like we have a 4th 10-55 out on the back patio.” @cityoforinda police @CoCoSheriff deputies reporting at least 4 dead, several others wounded in shooting at Halloween party on Lucille Way near Knickerbocker pic.twitter.com/UYlSThcqGb
— Henry K. Lee (@henrykleeKTVU) November 1, 2019