Убиени пет египетски војници

Пет египетски војници се убиени во напад на вооружена група на контролен пункт кај Каиро, јавува египетската телевизија.

Нападот се случил два дена по нападот на автобус полн со војници. Тогаш бил убиен еден, а ранети биле тројца војници.

Силите за безбедност на Египет се’ почесто се цел на напади од моментот кога војската го смени египетскиот претседател Мохамед Моси на трети јули минатата година.

Во тие напади убиени се најмалку 300 припадници на војската и полицијата.