Убиени пет работници на плантажа на банани во Камерун

Најмалку пет работници на плантажа на банани се убиени, а уште неколку други се раните во петокот ви југозападниот регион на Камерун зафатен со сепаратистичко насилство, објави тамошниот синдикат.

Неидентификувани напаѓачи отвориле оган врз камион кој превезувал вработени на „Cameroon Development Corporation“ (CDC), најголемата државна земјоделска компанија чиишто работници и претходно биле цел на вооружените англојазични сепаратисти кои сакаат независна држава.

Заседата била поставена во доцните попладневни часови во петокот во близина на градот Тико, по завршувањето на работниот ден, околу 17,30 часот по локално време во петокот, изјавил за медиумите Габриел Мбене Вефонге, претседател на Камерунскиот синдикат на земјоделските и сродните работници (CAAWOTU).

„Тие први пукале во возачот за да го запрат возилото. Убиле уште тројца работници кои седеа напред пред да започнат неселективно да пукаат“, изјавил Вефонге за Reuters во телефонски разговор потврдувајќи дека се убиени вкупно пет лица.

Ниедна група засега не ја преземала одговорноста за нападот. Од компанијата, камерунската полиција и сепаратистите не одговориле на барањето на Reuters за коментар.

Сепаратистичкиот крвав бунт на англојазичните жители кои тврдат дека се маргинализиран од владата во која доминираат претставниците на мнозинските франкофони Камерунци се разгоре во 2017 година, по задушувањето на слабите протести. Во следните години забележани се илјадници жртви во оваа централноафриканска држава а бунтовниците и владините сили меѓусебно се обвинуваат за тешки злосторства.

Во јануари владата на Камерун реагираше и порача дека не ѝ дала мандат на ниедна странска држава да посредува во преговорите со бунтовниците, откако владата на канадскиот премиер Џастун Трудо објави дека наводно добила повик да се вклучи во мировниот процес.