Најмалку 150 проруски сепаратисти и двајца украински војници се убиени во тешките борби во источна Украина, соопштија властите во Киев, цитирани од ДПА.
„Армијата нападна шест позиции на сепаратистите и го опколи градот Николаевка. Ранети се четворица војници“, соопшти порпаролот на антитерористичката единица.
Украинскиот претседател Петро Порошенко во понеделникот соопшти дека Киев нема да го продолжи прекинот на огнот, по што веднаш беше обновено гранатирањето на Доњецк и Луганск.
Сепаратистите во двете самопрогласени „народни републики“ се надеваат на дополнителна воена поддршка од Москва.
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин во средата во Берлин се сретна министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Русија. На средбата се постигна спогодба до сабота да почнат преговори за ново примирје меѓу Киев и проруските бунтовници. Порошенко вчера, меѓутоа, во телефонски разговор со американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека нов прекин на огнот ќе биде можен само ако и двете страни се ангажираат да го почитуваат.