Убиениот и повредените биле на погрешно место, во погрешно време

На погрешно место, во погрешно време. Ова е коментарот на висок функционер на ДУИ за Плусинфо, за вечерашната престрелка помеѓу двајца членови на партијата, која се случи во Мала Речица, при што едно лице загина, а двајца се повредени.

Функционерот ни потврди дека убиениот е Наип Реџепи и дека престрелката била помеѓу две спротивни крила на ДУИ во Куманово. Тој брифира дека станува збор за ривалски групи во кумановската филијала на партијата и дека престрелката била и поради политички, но и семејни недоразбирања меѓу сега убиениот и повредениот член.

Функционерот потврди и дека лицата биле до седиштето на ДУИ во Мала Речица, но негира дека биле во објектот. Тој  вели дека најверојатно биле дојдени како придружба на партиски функционери, бидејќи попладнево во седиштето имало состаноци со функционери на ДУИ, меѓу кои и од Куманово.