ТВ21 објави фотографија на која се гледа автомобилот од кој е пукано кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, а убиено е едно лице.
Автомобилот е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.
Полицијата продолжува да врши увид на лице место на убиството, во кое неофицијално е убиен адвокат.
На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента и вклучен е полицискиот хеликоптер.
Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.
– На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар – информираат од МВР.
Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.