Убиениот на собирот на Трамп загинал заштитувајќи го семејството

Мажот кој беше убиено на предизборниот собир на поранешниот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија во саботата е 50-годишен пожарникар доброволец кој го штител своето семејство кога одекнале истрелите, изјави во неделата гувернерот на државата, Џош Шапиро.

Жртвата е идентификувана како Кори Комператоре, според објавата на Facebook на неговото семејство.

„Омразата кон еден човек му го одзеде животот на еден човек кој најмногу го сакавме. Тој беше херој кој ги штитеше своите ќерки. Неговата сопруга и девојките штотуку го преживеаја незамисливото. Мојот помал брат штотуку наполни 50 години и имаше уште толку живот. Омразата нема граници, љубовта нема граници. Ве молиме молете се за мојата снаа, внуците, мајка ми, сестра ми, мене и неговите внуки и внуци бидејќи ова изгледа како ужасен кошмар, но знаеме дека тоа е нашата болна реалност“, објави неговата сестра на Facebook.

Според извештајот на Pittsburgh Post-Gazette, Комператоре претходно служел како началник на Волонтерската противпожарна служба на градот Бафало.

Гуенерот Шапиро изјави дека разговарал со семејството на Комператоре и им пренесе делови од разговорот на новинарите.

„Кори умре како херој. Кори скокна врз своето семејство синоќа на овој собир за да ги заштити. К ори беше најдобар“, рече Шапиро.

Комператоре зад себе ги остави сопругата и двете ќерки.

„Кори беше татко. Кори беше пожарникар. Кори одеше во црква секоја недела. Кори ја сакаше својата заедница, а особено го сакаше своето семејство“, додаде Шапиро и го опиша „како страстен поддржувач на поранешниот претседател“.

Трамп го започна говорот на собирот во Пенсилванија кога одекнаа истрели и стана јасно дека Трамп исто така е повреден кога куршум му го закаќи десното уво. Истрагата го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, Пенсилванија, како осомничен за, како што велат властите, обид за атентат врз Трамп, во кој потешко се ранети уште двајца мажи присутни на соборот на републиканецот.