
Вечерва во 21.38 часот пријавено е дека на ул.„Шарпланинска“ во населба Ѓоче Петров има лице кое лежи без знаци на живот, застрелан во главата и до него возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички.
Според МВР подоцна е утврдено дека возилото е сопственост на Д.Н. (65).
До овој момент не е утврден идентитетот на убиениот.
Известен е јавен обвинител.
Увидот е во тек.