Убиство во Ченто, населбата под полициска опсада

Едно лице е убиено вечерва во скопската населба Ченто, јавува Вечер.

Според првичните информации, убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Свети Ѓоргија.

Се’ уште нема информации за идентитетот на жртвата ниту пак за сторителот или мотивите.

Полицијата во моментов врши увид.

Дел од медиумите пренесот дека  рафалните истрели се слушнале низ целата населба, а влезот и излезот од населбата бил блокиран од полицијата.