Убиство во крушевско Алдинци

Педесет и двегодишен жител на крушевското село Алдинци е пронајден мртов пред семејната куќа, информира полицијата според која се работи за убиство.

Случајот е пријавен вчера околу 18,50 часот во полициската станица во Крушево. Полицјаците кои излегле на терен го пронашле безживотното тело на М.П.со повреди на главата.

Полицијата веќе има осомничен за убиството, кој е приведен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.