21.8 C
Skopje
недела, мај 19, 2024

Убиство во Липково по вербална расправија на соселани

Вербална расправија меѓу двајца соселани од кумановско Липково во саботата вечерта, прераснала во физичка пресметка во којашто биле употребено студено оружје во која животот го загуби едно лице, информираа во неделата од Министерството за внатрепшни работи.

Вчера околу 19 часот во Секторот за внатрешни работи во Куманово,од страна на доктор од Јавната здавствена установа Куманово, било пријавено дека кај нив од страна на Итна медицинска помош било донесено починато машко лице со убод од нож.

По пријавувањето на настанот, увид на лице место извршил Јавен обвинител и увиднаекипана СВР Куманово и констатирано е дека околу 18 часот во селото Липково 43-годишниот локален жител идентификуван со иницијалите Б.С, по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел својот врсни и соселанец Ј.С (43), од што нападнатиот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а осомичениот Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.