![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/policija4.jpg?resize=696%2C425&ssl=1)
Телото на З.А., соопшти денеска МВР, го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.). Тој кога видел дека мајка му е мртва, се посомневал дека е убиена од соселанецот А.А. (65). Во соопштението се појаснува дека веднаш отишол во неговиот дом, земал стап и влегол во просторијата во која бил А.А., и започнале расправија која преминала во тепачка. Во тепачката Т.А. со стапот му нанел повеќе повреди на А.А. во пределот на телото и главата, а А.А. со нож му нанел три убодни рани на Т.А.
По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид ивршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во домот и помошните простории на А.А. бил извршен претрес при што се пронајдени дрво со кое истиот го извршил кривичното дело, како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А., кои се подигнати за и дадени за вештачење. А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.