Пресметките и крвните одмазди во атинското подземје резултираа со убиството во раните утрински часови на 44-годишниот сопственик на бензинска пупма во областа Нео Космос, пишуваат во неделата грчките медиуми кои проценуваат дека оваа егзекуција ќе предизвик продолжување на војната за контрола на црниот пазар.
Според последните информации од местото на егзекуцијата, полицајците собрале 97 чаури кои потекнуваат од автоматска воена пушка, веројатно од моделот „калашников“ и од најмалку три пиштола, додека жртвата, исто така, имала оружје крај себеси, била вооружена но немала време да го употреби. Понајденото оружје е испратено во форензички лаборатории за да се утврди дали во минатото било користено во криминални активности.
Инцидентот се одиграл околу 2 часот по полноќ на бензинска пумпа во Атина, кога непознати напаѓачи кои користеле црно теренско возило, ја застрелалче жртвата во нејзиниот автомобил, каде што починала на самото место додека возилото било изрешетано со куршуми.
Убиенот, кого грчките медиум го идентификуваат како извесен Вангелис Зампунис, имал проблематично криминално минато, бидејќи во 2018 година бил нападнат пред канцелариите на нафтена компанија во Пиреја. Тогаш на напаѓачите им се заглавило оружјето, а нападнатиот носел панцир и успеал да побегне со повреди на рацете и нозете.
Она што го усложнува случајот е што пред неколку месеци во истата населба Нео Космос бил запрен џип во кој се откриеи пиштоли и гранати, факт што властите го испитуваат и бараат докази кои можеби го поврзуваат со убиството на 44-годишниот.
Се наведува и дека неколку дена пред откривањето на џипот имало убиство во областа Коридалос, при што Одделот за убиства се обидувал да ја разреши нерешената мистерија на случајот, при што властите процениле дека се работи за расчистување на сметките во подземјето.
Весникот TA NEA неведува дека убиството има поврзаност со возико кое било пронајдено во јуни 2023 година во Нео Космос, а кое претодно било пријавено за украдено а сопственико наплатил надомест од осигурувањето. Притоа, се наведува дека станува збор за џипот во кој било откриено оружје и веројатно е користено во синоќешнот напад. Имено, кога осигурителнат акомпанија ја известила полциијата која отишла да го преземе пријавеното возило во него бил откриен цел арсенал оружје.
Два автомати „калашник“, два пиштола, куршуми, панцири и рачни гранати имало во багажникот на возилото, подготвени за употреба од криминалци кои го оставиле возилото на таа локација додека подготвувале напад во непосредна близина. Тогаш полициските службеници кои го прегледале возилото нагласиле дека автоматските пушки се „чисти“, односно дека не се користени во дотогаш познато злосторство, истакнувајќи дека биле наменети за егзекуција. Тогаш, сега убиениот Вангелис Зампунис, се сметал за можна цел, поради неговата активност во грчката мафија и настаните што се случуваа изминаите месеци во подзмејето.
Овој факт изгледа го вознемири Зампунис, кој во минатото беше цел на мафијашки напад. Тој, наводно, ги зголемил безбедносните мерки што ги преземал на своите движења, секогаш носел оружје за да одговори на секаква закана кое немал време да го употреби при синоќешниот бапад во Нео Космос. Тој, исто така, секогаш се возел со своето блиндирано возило и вооружен. Во моментот на убиството се движел со блинидран теренец, но без висок степен на заштита, бидејќи од снимките се гледа дека наоаѓачите пукале во него преку прозорците кои се изрешетани.
Тоа покажува дека, убијците внимателно ја планирале егзекуцијата, проучувајќи ги навиките и рутите по кои се движела жртвата. Исто така, знаеле дека напаѓачите знаеле дека возилото на жртвата е блинирано и го чекале вистионскиот момент кога таа ќе се најде во позиција додека излегаува од него и не може да го употреби оружјето. Всушност, според полицијата, Зампунис немал можност да го употреби своето оружје, туку се обидел да се засолни зад возилото.