Предлогот на хотелиерите кои бараат продолжен летен распуст, односно почетокот на учебната година да се одложи за 15. септември ќе биде разгледан од страна на Министерството за образование и наука.
Интересот на учениците пред се’
Се работи за специфична иницијатива која не зависи само од волјата на МОН, па дури и од волјата на Владата, треба да се исконсултираат и искоординираат повеќе општествени фактори. Во следниот период ќе биде направена поширока анализа и коодринација и консултација со поголем број субјекти, врз основа на која потоа би можеле да процениме како би ја носеле одлуката. Неопходно е да бидеме уверени во аргументацијата која беше изнесена – еден од главните аргументи беше промената на временските услови, продолжување на сезоната поради интересот на туристите и на туристичките агенции но, од друга страна, ние како ресорно министерство за која било одлука мора пред се да го имаме интересот на учениците, рече Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Септември подобар за летување од јуни
Имено, хотелиерите бараат продолжен летен распуст за учениците до средината на септември, бидејќи, како што велат во тој период туристичката сезона ќе биде подобра отколку во мај или јуни.
Тие додаваат дека политичките случувања во земјава и временските прилики во јуни серионо се одразиле на туризмот во Струга и Охрид, каде што голем број аранжмани биле откажани.
Оваа година, традиционално учениците на летен распуст се од 10. јуни, а почетокот на учебната година е предвиден за 1. септември.