![IMG_2213](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/IMG_2213.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Учениците од OОУ Кирил Пејчиновиќ денес имаа можност да се сретнат со своите миленици, фудбалерите на ФК Вардар.
На овој настан кој е во организација на општина Кисела Вода и OОУ Кирил Пејчиновиќ учениците денес имаа можност да се запознаат со фудбалерите, да се дружат, фотографираат, да разменат мислења и искуства за нивниот омилен спорт.
Евгениј Новак, Никола Глигоров, Филип Гачевски, Бесир Демири и Стефан Спировски заедно со учениците во дворот на училиштетот изиграа пријателски натпревар преку кој им ги покажаа своите фудбалски вештини и трикови. На крајот од средбата тие на учениците им поделија автограми, маички и билети за претстојниот натпревар.
-Целта на нашата посета е дружба со учениците од основните и средните училишта кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода. Овие средби исто како и минатата година ќе продолжат и оваа година и ќе имаат за цел да ги мотивираат учениците да спортуваат и да присуствуваат на натпреварите на ФК Вардар – изјавија од ФК Вардар.
– Јас како директор на ова училиште и во иднина, во соработка со општина Кисела Вода ќе правам напори во нашето училиште да го промовирам спортот, а со тоа и здравиот начин на живот. Уште еднаш сакам да и се заблагодарам на општина Кисела Вода за поддршката која ни ја дава во промовирање на спортот, изјави Сашо Јовановски директор на ООУ Кирил Пејчиновиќ.