Учениците во средните стручни училишта наскоро треба за првпат да добијат учебници по стручните предмети.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вели во рамки на реформата на средното стручно образование минатата недела е распишан конкурс за набавка на учебници за стручните предмети во 111 средношколски програми. Учебниците, вели Груевски, ќе бидат преземени од најнапредните држави.
„ Во делот на средните стручни училишта пред неколку години детектиравме дека има потреба за побрза акција со која ќе се направи реформа и ќе се покријат со учебници сите предмети кои досега не биле покриени. Увидовме дека голем дел од предметите не биле покриени со учебници, а учениците учеле со диктирање на наставникот или од некои стари скрипти. Се надевам дека во првата половина на следната година сите средни стручни училишта ќе добијат нови учебници односно првпат ќе добијат учебници во делот на стручните предмети“, вели Груевски.