![makedonija-na-tocak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/makedonija-na-tocak.jpg?resize=640%2C336&ssl=1)
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) организираат наградна игра мотото „Македонија се сака на точак“.
Наградната игра е со цел промоција на велосипедизмот и убавините на Република Македонија, а право на учество имаат сите Facebook корисници кои се државјани на Република Македонија и се над 13 годишна возраст.
Наградниот натпревар се одвива преку социјалната мрежа Facebook, каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, која не е направена при управување на велосипедот, но е направена на територијата на Република Македонија.
Во кадар на фотографијата треба да се прикажани и убавините за земјава.
Наградната игра може да се најде на следниот линк.
Апликацијата е наменета за лична употреба, а за учесниците се предвидени парични и друг тип на награди обезбедени од РСБСП и АППТ.
Изборот за највисоката парична награда (во вредност од 30.000,00 денари) ќе биде наменета за најубавата фотографија избрана од жири комисија составена од 5 члена, додека парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.
Освен паричните награди ќе бидат доделени и 8 ваучери за бесплатно ноќевање за двајца во 8 хотели низ земјава. Добитниците на наградите ќе бидат објавени седум дена по завршувањето на наградната игра, на Светскиот ден на туризмот – 27-ми Септември, а наградната игра официјално ќе започне денес, на 16-ти Јуни 2016 година.
Македонија, се сака на точак! Споделете ја Вашата авантура!