Тринаесет годишно девојче од Зајачар никому не сакала да го открие името на мажот од кој останала бремена, но врз основа на нејзиното однесување, надлежните заклучија дека во интимниот однос немало никакво присилување.
Центарот за социјална работа ја презеде грижата за 13 годишната ученичка во шесто одделение која е во седмиот месец од бременоста.
Таа веќе неколку месеци делуваше загрижено, но сметавме дека за тоа е виновен пубертетот. Вешто го криеше стомакот со широка гардероба, а штом се посомневавме дека е бремена, ги повикавме надлежните, велат надлежните од училиштето.
Со согласност на мајката, со која девојчето живее во изнајмен стан и која е невработена, работниците од Центарот ја сместил во семејство со кое ќе остане и по породувањето.
За девојчето и детето, кое се очекува во мај, ќе се грижи Центарот додека таа не наполни 16 години. По стекнувањето на полнолетство, девојчето и детето ќе бидат препуштени сами на себе.