Ученици со оштетен слух дел од проектот „A new world of skills-make your meal“

Проектот „A new world of skills-make your meal“ е со европска и мултикултурна димензија и го негува духот на толеранција на различностите и европската култура кај учениците со оштетен слух. За овој проект, ДУЦОР „Партенија Зографски” од Скопје доби е грант преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, програма Ерасмус+ клучна акција КА1, во областа на мобилност на ученици и вработени во стручно образование и обука.

Во мобилноста учествуваа 10 ученици, 2 придружни лица и 5 наставници. Учениците имаа можност да се запознаат и стекнат нови знаења и вештини за: храна, подготовка на храната и производство на храна, подготовка и сервирање на храна, правилно користење на приборот за подготовка на храна, лична хигиена и нејзиното влијание врз безбедноста на храната, нови рецепти, нови зачини и начини на сервирање храна.

Обуката заучениците во партнер училиштето во Хрватска беше спроведена од страна на наставниците заедно со нивните ученици и се состоеше од теоретски наставни часови, каде што учениците стекнуваа нови знаења поврзани со храната и работилници на кои учениците подготвуваа разновидни оброци по претходно зададени рецепти.

Сето ова кај учениците  предизвика поттик на креативни идеи како и размислување за започнување на сопствен бизнис. Овој проект придонесе и кон зголемување на социјалната интеграција на учениците со оштетен слух. Бидејќи се работи за малолетни ученици и ученици со оштетен слух, тие беа придружувани од двајца наставници од редот на вработените во училиштето. Тие имаа задача да се грижат за здравјето и безбедноста на учениците. Помагаа во комуникацијата, бидејќи се работи за ученици со оштетен слух и говор и воедно го следеа напредокот на учениците за време на мобилноста.

Наставниците кои беа на мобилност беа со задача – „Работа во сенка“ (Job shadowing), којашто се состоеше од посета на наставни часови преку кои разменија искуства за наставните методи и современите техники кои ги користат во наставата.

Истовремено, наставниците имаа шанса за соработка и надоградување на своите педагошки и образовни методи преку размена на искуства со тамошните наставници за работа со ученици со оштетен слух.