4.8 C
Skopje
сабота, ноември 30, 2024

Учениците и наставниците контра Царовска, не сакаат дигитални место класични хартиени учебници, подготвени за протест

Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците ќе имаат електронски учебници и материјали, додека од прво до трето одделение се уште ќе се користат хартиените учебници. Ова е предвидено со измените во Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали кои минатата недела ги усвои Владата. Станува збор за дел од реформите на националниот образовен систем, коишто ги најави министерката за образование, Мила Царовска.

Но, учениците и наставниците не прифаќаат класичните учебници да ги заменат со електронски. Наставниците со резерва гледаат кон новините и стравуваат дека на овој начин се заробуваат децата, кои и онака поминуваат премногу време пред компјутерите.

Учениците, пак, најавуваат протест доколку министерката Царовска не се откаже од идејата за електронски учебници.

„Доколку министерката Мила Царовска продолжи со нејзиното инаетење и деструктивизам, нашето противење ќе прерасне во протести. Свесни сме сите, а и докажано е дека долгорочно седење пред компјутерските екрани е штетно. Другиот битен аспект е што постојат голем број на училишта без основни услови за настава и со самото тоа голем број училишта не се опремени со компјутери за да функционира тоа…“, посочуваат меѓу другото од асоцијацијата на средношколци “Средношколски глас“.

Тие додаваат дека последната „реформа“ со учебниците е крајно лоша и дискриминаторска одлука од многу аспекти и дека се противат на, како што го нарекуваат, уништувањето на образованието.

Од друга страна, на одлуката на Царовска за укинување на класичните хартиени учебници за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта, се противат и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека над 10% од учениците нема да имаат можност да следат онлајн настава и да продолжат со образованието, бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници.

“Царовска влегува во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет. Со самото тоа, министер за образование сама ги лишува од образование 10 проценти од децата, создава нееднаквост и едноставно им го укинува законски задолжителното образование! Имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и сега ги исклучува од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици“, изјави на прес конференцијаа Весна Кусакатска која е член на Комисијата за образование на опозициската партија.

Царовска пак, пак за поддршка за спроведување на нејзината цел се обрати кај директорите на училиштата како и од градоначалниците, кои це поставени од редовите на нејзината владејачка партија, Социјалдемократски сојуз.

Но на онлајн состанокот кој што се одржа денеска, на Царовска остро му се спротивстави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Струшкиот градоначалник рече дека процесот на воведување на реформите треба предвид да ги земе разликите помеѓу урбаните и руралните средини и да се даде дополнителна поддршка особено во обезбедувањето на потребите ресурси. Директорите на основните училишта во Општина Струга сметаат дека новиот концепт на Министерството за образование и наука за дигитализација на учебниците ќе предизвика многу проблеми и потешкотии.

Наспроти ова, одлуката на Царовска за укинување на класичните учебници е против законска. Во Законот за основно образование прецизирано е дека во воспитно образовниот процес се употребуваат, исклучиво, учебници. Но, како дополнително дообразување и информирање, учениците можат да користат интернет, енциклопедии, списанија, речници и слично, но тие алатки никако не можат да ги заменат стандардните учебници.