
По тринеделен зимски распуст, учениците се враќаат во училиштата со што се означува почетокот на второто полугодие од учебната 2024/2025 година.
Учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои ќе учат до 16 мај.
Оваа година нема да има пролетен распуст, бидејќи мнозинството наставници, родители и ученици се изјасниле против неговото воведување.
Министерката за образование, Весна Јаневска, на почетокот на полугодието им посака успех на учениците и наставниците и ја нагласи важноста на создавањето пријателска и безбедна училишна средина.