Учениците од прва година средно образование, кои ги исполнуваат условите за бесплатен градски автобуски превоз, билетите ќе ги добијат во своите матични училишта – информира Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје.
Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова или дупликат картичка можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје. За тоа неопходно е да достават потврда од училиштето и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на новата картичка, информира ЈСП.
Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски автобуски превоз) во период од 05 до 24 часот, но не важат за користење на ноќните линии.