Ученик со татко му и чичко му ги нападнал професорите во ЕМУЦ

Во средното училиште „8 Септември, поранешен ЕМУЦ, во населбата Автокоманда во Скопје претпладнево ученик, заедно со својот татко и чичко, направиле масовна тепачка против класниот професор и уште неколку други професори.

Во ова средно училиште има неколку паралелки од ДСУ „Владо Тасевски“ од албанска националност, а тепачката настанала откако роднините на ученикот ги нападнале професорите.

Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека се работи на негово расветлување, но засега не се познати причините поради кои настанала тепачката.