![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/Mucunski.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес и утре ќе учествува на 19-тиот Самит на Меѓународната Организација на Франкофонијата, кој по 33 години се одржува во Франција.
Самитот ќе започне со работа на 4 октомври 2024 година во Villers-Cotterêts, гратче во северна Франција, целосно посветено на францускиот јазик и франкофонската културна разновидност, инаугурирано на 30 октомври минатата година од страна на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Самитот ќе продолжи со работа во Париз на 5 октомври 2024 година.
Темата на дискусиите на самитот ќе биде: „Создавај, иновирај и преземај на француски јазик“.
На маргините на Самитот, Министерот Муцунски ќе оствари повеќе билатерални средби.