Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, во периодот од 25-26 септември 2014 година, ќе земе учество на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува во Тирана, Албанија.
На овој еминентен стручен собир ќе учествуваат директори на фондови за здравство и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Република Српска, кои ќе имаат свои излагања поврзани со предностите и негативните апсекти на главните финансиски методи на здравствениот систем.
Размената на искуствата менаџерите на фондовите за здравство, предизвиците и начините со кои тие секојдневни се соочуваат, како и идеите за подобрување на здравствените услуги се можност да се согледа какви се решенијата на одредени прашања во соседните земји, а позитивните искуства се одлична можност да се види имаат ли сличните решенија апликативност во понатамошното унапредување на здравствениот систем во Република Македонија.
Своја презентација на Форумот ќе има и директорката Maja Парнарџиева-Змејкова, на тема е-здравство, сегмент во кој Македонија е препознаена како лидер во регионот.