Училишен автобус налетал на мина, пет мртви во Пакистан

Училишен автобус кој на северозападот на Пакиста превезувал деца, налетал на мина на патот, при што загинале пет лица, меѓу кои и две дена, соопштја денеска локалните власти.

До експлозија дошло во градот Кар, престолнината на провинцијата Баджур во близина со границата со Авганистан, а загинати се две деца, две учителки и возачот, пренесува АП.

Никој сеуште нема преземно одговорност за овој напад. Оваа провинција неколку година била упориште на неколку офанзивни пакистански војски против талибанците и странските милитанти.

Во престолнината на Пакистан, Исламабад, од минатиот викенд се одвиваат масовни протести на опозицијата на кои десетина илјади демонстранти бараат оставка од премиерот Наваз Шариф поради наводната кражба на гласови на минатогодишните парламентарни избори.