Училиштата во Србија почнуваат со настава на први септември

Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија во вторникот донесе решение наставата во училиштата во земјага да се одржува регуларно од први септември и часовите во полното времетраење од 45 минути

„Сакавме да излеземе во јавноста со сигурни информации токму поради важноста на оваа тема … Она што беше сигурно беше дека за нас е важно настават да започне нормално, учениците да не бидат поделени во групи и часовите да траат 45 минути“, изјави министерот за образование Бранко Ружиќ на прес- конференција.

Наставата ќе се одвива во три различни модели, во зависност од моменталната епидемиолошка состојба во училиштата.

Првиот модел е  безбедна средина, кога сите ученици се на училиште во исто време. Децата седат заедно, носат маски само додека одговараат. Вакцинираните наставници не носат маска;

Втор модел e за учениците од седмо и осмо одделение, комбинирано како и минатата година. Разликата во споредба со претходната година е дека смената би се вршела на дневно ниво;

Третиот модел се најзагрозените училишта, висок степен на ризик. Учениците и наставниците мора да носат маски, а часовите се изведуваат според комбиниран модел;

Кога станува збор за градинките, воспитувачите и децата засега не се обврзани да носат маски, додека не се појави ситуација во која детето или воспитувачката ќе се заразат. Тогаш се воведуваат мерки за заштита.

Во последните денови во Србија се бележи постојан раст на новозаразени со коронавирус. Повеќето се заразени со делта варијантата на коронавирусот.

Според официјалните податоците за последните 24 часа повеќе од 2.200 лица се заразени, а осум лица починале.

Директорката на ковид-болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави денеска дека клиничките слики на ковид пациенти сега се полоши отколку во сите претходни бранови и дека повеќе од 70 отсто од пациентите бараат кислородна поддршка.