Училиштето како институција за развој на каритативните особини на учениците

Во современи услови на живеење и делување и интензивирање на технолошкиот развој, компјутеризацијата, информатизацијата се наметнува потреба денешното училиште да се преиспита и да одговори на современите предизвици, каде ќе се согледа местото, улогата, значењето и функцијата на училиштето како едукативна институција.

И покрај разликите во средините, денешното училиште сепак ќе мора да ги следи современите предизвици, со што се осознава неопходноста за негово трансформирање и иновирање, се’ со цел да се фати чекор со времето во кое  живееме и работиме.

Потребата од осовременување и модернизирање и иновирање на училиштето, како што ќе истакне доајенот на македонската педагогија професор д-р Никола Петров: „се наметнува напуштање на традиционализмот и униформноста во наставата, да се развијат кооперативно партнерски односи и соработка на субјектите на релација: наставник-ученик, родител, училиште, со барања на еден модерен и современ пристап кон процесите на воспитно, образовно, наставниот, креативниот и активниот однос на субјектите-патиципиентите“.

Од досегашните истражувања и вреднувања може да се согледа дека училиштето како институција наменета за учениците од различните возрасти и средини даваат сакани ефекти на конгнитивно-интелектуалната страна-компонента, за што има позитивни индикатори но, истовремено дека во наставните планови и програми постојат теми и содржини кои ги оптоваруваат учениците со повеќе фактографски  податоци што укажува на фактот и потребата од растеретување на наставните планови и програми. Од анализите на Бирото за развој на образованието (БРО) и делумните истражувања кои се вршени на наставничките и педагошките факултети, согледано и констатирано е дека образовната страна е понагласена-позастапена за сметка на воспитната страна-компонента.

Каритативноста како особина на човекот

Како резултат на тоа во одредени средини, урбани и рурални, во одредени училишта се јавуваат асоцијални појави и девијации кои ја потврдуваат дека воспитната функција е занемарена. Тоа го потврдуваат и девијантните појави од насилствата, конфликтите и агресивното однесување на учениците што алармира што училиштето како институција треба да ја реактивира воспитната функција. Во делокругот на воспитната функција, познатиот хрватски педагог и научник V. Puzevski посебно се залага за развојот на каритативните особини кај учениците и каритативната дејност во училиштето. (М.Вујаклија-Лексикон-каритативен-lat.caritas-направено од љубов, милостив, дарежлив, добротворен).

Каритативноста како особина на човекот природно произлегува од севкупната негова личност и севкупните негови односи со сите воспитни чинители: семејство, средина, општествена средина, се разбира и училиштето кое како значаен чинител за развој на каритативните особини на личноста. Каритативноста не е додаток на особеностите на поединецот, туку е битна карактеристична ознака за неговите човечки особини. Имено, тоа е синтеза на сите позитивни особини на човечност на хуманост. Ако е тоа така, тогаш и воспитанието е значајно за каритативниот пристап на човекот и каритативната животна пракса на севкупните хумани третирања и човечко позитивно воспитно насочување во средината на делувањето и живеењето.

Од напред наведеното треба да се констатира неминовната потреба за демократизација и хуманизација на нашите училишта, основни, средни и високообразовни институции. Училиштето не е само одраз на  општествените случувања околу него, туку е важен предуслов за квалитетниот развој на општеството, ако сакаме да се проближиме до Европската Унија, тогаш мораме најпрво да ги развиваме демократските процеси во училиштата.

Какво треба да биде денешното училиште?

Во оваа смисла повеќе теоретичари и практичари кога ја нагласуваат каритативнта функција укажуваат денешното училиште треба да биде отворено животно училиште со топлина, радост и позитивни доживувања и успеси, а не училиште на модалитет на затвореност, унифицираност, а за поединци ученици-парципиенти и страв, за успешно училиште, училиште кое учи, училиште кое воспитува, училиште кое насочува, води, а не предавачко училиште на наставникот, за хумани односи за меѓусебни односи на почитување ученик со ученик, ученик со наставник, за дидактички пристап за мотивирање за учење и на соработка и меѓусебно помагање меѓу учениците и учениците и  учениците и наставниците а по потреба и со трети лица, стручни служби и други субјекти.

Слободното отворено животно училиште кое е предмет на проучување, истражување и вреднување и се повеќе практикувано во практиката согласно предизвиците потребите и современите тенденции, бараат  иновативен наставник, кој според другото се третира како едукатори и посредник, планер, програмер и организатор, аниматор, дијагностичар и терапеут, истражувач, евалуатор и партнер.

Наведените иновативни особини укажуваат дека современиот наставник треба да биде образован-едуциран, согласно напред наведените и тенденции за да може успешно во практиката да ги применува и практикува во реализирањето на наставните содржини во содејство со учениците како субјекти и партнери.

Факт е дека во поголемиот дел денешните наши училишта наместо да бидат отворено животно училиште, тие се традиционални училишта-идентификувани со многу слабости во воспитно-образовната работа:

  • учениците никој не ги прашува;
  • кои содржини кои методи и форми и место за стекнување на способности и навики;
  • подучување со меморирање и запамтување;
  • невклучување на родителите и локалната заедница во реализацијата во некои програмски содржини;
  • некористење на примерни задачи од учебниците;
  • механички пристап во дидактичката апаратура и учебниците;
  • необезбедена повратна информација за резултатите и напредувањето на секој ученик на наставните часови и неприменување на техники на развивање на творечкото мислење кај учениците.

Изнесените согледувања од професор д-р Марко Стевановиќ, во трудот „Училиштето по мерка на ученикот“, а исти такви согледувања во своите трудови ги има и македонскиот професор Д-р Никола Петров, со кои ги потврдуваат слабостите на традиционалното училиште кое е согласно предизвиците, тенденциите и потребите, треба да прерасне во отворено иновативно и каритативно-животно училиште. Имено, иновативното отворено училиште бара нов приод или пристап во организирањето, модулирањето со иновативно едуцирани наставници кои ќе применуваат нови облици, форми, методи, кои учениците ќе ги третираат како партнери, кои ќе ги мотивираат потикнуваат учениците, на проблемско подучување, решавање на проблемите со повеќе активности на взаемно комуницирање и делување. Во таа смисла, наставникот ќе создава ситуации ќе овозможува потикнување подучување за творештво и оценување, ученикот ќе ги решава проблемите, ќе ја преструктуира и редефинира околината, ќе учи творечки за творештво и самооценување, наведениот пример, јасно го укажува и потврдува улогата на едукативниот едуциран наставник и ученикот како активен субјект во процесот на наставата и учењето.

Креативна настава и неговата примена

Во таа смисла споменатиот автор има мошне значјана и круцијална улога односно доаѓа до израз интерперсоналноста творечката и мотивирачката улога која е пресудна во креативната настава, и ќе истакне: „Креативната настава овозможува организација која учи во која се вбројуваат учениците, нивните родители и наставници. Тоа е заедница која преставува единствена целина  и околина за творечко стекнување на знаења и разноврсни способности. Подучувањето е наменско-творечко, за творештво  насочено спрема индивидуалните постигања на секој ученик со очекувања на некои подрачја за кои поединецот изразува интерес да може да реализира индивидуален максимум. За напред наведеното потребно е партнерство“.

Изнесеното ја потврдува улогата и значењето на наставникот во процесот на едукација. Наставникот како личност, од една страна, наложува потреба од запознавање на личноста на ученикот, кој е исто така значјна за креативната настава. Имено, наставникот треба да ја запознае и структурата на личноста на секој ученик (особините, ставовите, вредносните судови, способностите,  стиловите на учење, конгнитивните и психомоторните способности, како и семејните, материјалните услови на секој ученик). Во креативната настава се застапени дивергентните прашања. Тоа се прашања кој иницираат разновидни  одговори и потикнуваат од учениковата фантазија и примената на мисловните операции.

Имено, креативната настава може да се примени на повеќе наставни часови по наставни предмети, дури и при повторување и утврдување на градивото. На почетокот учениците потешко се снаоѓаат за да подоцна  се воведат и навикнат. Во смисла на напред изнесеното повеќето теоретичари и практичари застапуваат гледање дека наставникот покрај сложената и одговорна функција има и поливалентна функција, односно повеќе функции, кои предизвиците на времето, трнденциите и времето диктираат вклучување на наставникот не само во наставата, вонаставните, училишните и вонучилишните активности, туку и во  културната и јавната дејност. Како едукатор во здруженијата на граѓани и фондации, здруженијата на струката на еснафот, во нивната тимска работа,  како и во културата, културните институции и цивилизациските  текови на културата и науката. Покрај изнесеното одреден број на теоретичари,истражувачи нагласуваат дека наставникот не е само воспитувач, туку тој со својата комплексна одговорна и хумана работа, истовремено е и уметник, а уметноста е возвишен чин, како што е возвишен чин процесот на едукацијата.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес