Учител убиен во училиште во Франција

Учител е убиен во напад со нож во училиште во северниот француски град Арас во петокот, објави телевизискиот канал BFMTV.

Локалната полиција потврди дека изведен напад со нож. Регионалните власти соопштија дека напаѓачот, чиј идентите не е објавен, е уапсен.

Полицијата не ги потврди медиумските извештаи дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), алудирајќи на извиците на напаѓачите во претходни големи смртоносни напади од страна на екстермни исламисти.

Францискиот министер за внатрешни работи Жерард Дерманен кусо изјави дека во тек е полициска опарација во училиштетот.

Нападот потсетува на случајот од октомври 2020 година, кога во преградие на Париз беше обезглавен наставник по историја во средно училиште, кој на час им покажувал на учениците карикатури на пророкот Мухамед.