Учителка тврди дека родителите не уживаат во родителството

Наставниците нѐ учат многу повеќе од математика, читање и пишување… Нивното искуство, се вели, често носи вредни лекции и за животот, воспитувањето и меѓучовечките односи.

Учителка во пензија која својот работен век го минала со деца од основноучилишна возраст, открива која, според неа, е најголемата грешка што ја прават родителите… Имено, прашана – кој е нејзиниот најважен впечаток околу родителството, таа едноставно одговори:

-Не уживаат во тоа. Според нејзиното објаснение, родителите честопати сакаат нивните деца да бидат – „совршени“, т.е. целосно „приспособени“ и „соодветни“ на очекувањата на возрасниот.

Наместо тоа, поважно е да се прифатат децата онакви какви што се и да уживаат во својата индивидуалност. Децата се забавни! Морате да уживате во тоа. Повеќето од нас не се токму онакви какви што сакаат другите да бидеме, затоа уживајте со детето што го имате, вели таа, по што се сврте кон нејзината возрасна ќерка и ѝ рече:

– Уживав во тебе.

Пораката на наставничката е јасна: Прифатете си ги децата такви какви што се. Не обидувајте се да ги менувате или обликувате според Вашите очекувања. Не разочарувајте се од нив само затоа што не се совпаѓаат со „совршената слика“ којашто Вие можеби сте си ја замислиле. Едноставно, сакајте ги и уживајте во времето што го минувате со нив.