Учителка во градинка во скопската општина Карпош е позитивна на Ковид-19, а десетина деца од групата веќе се ставени во домашна изолација.
Загрижените родители, кои денеска биле контактирани од управата на градинката да си ги земат децата, чекаат насоки во однос на тоа како епидемиолозите ќе одлучат да се одвива понатаму здравствената процедура.
Во истата градинка, пред една недела, уште една учителка пријавила дека е позитивна на коронавирусот.
Од отворањето на градинките на 9 септември до пред десетина дена беа регистрирани 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Тогаш во изолација беа над 110 вработени и околу 650 деца. Бројот на случаи во изолација е голем бидејќи еден позитивен негувател или воспитувач, во изолација повлекува цела група од околу 15 деца и еден неговиот колега.
Во моментов околу 11.000 дечиња се згрижени во градинките ширум државава.