Учителка во Јужна Кореја уби осумгодишно девојче во основно училиште, што ја шокираше нацијата, објави во вторникот BBC.
Наставничка на 40-годишна возраст од градот Даеџеон признала дека го избодела девојленцето до смрт, соопшти полицијата.
Девојчето во понеделникот во 18 часот по локално време било пронајдено со убодни рани на вториот кат од училишната зграда. До неа била пронајдена наставничката со убодни рани кои, според полицијата, најверојатно сама си ги нанела.
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок во вторникот нареди истрага за случајот и ги повика властите да преземат мерки за да се осигураат дека тоа никогаш повеќе нема да се случи.
Некои тамошните жители положуваат цвеќе на влезот на училиштето, кое беше затворено во вторникот.
Началникот на полицијата, Јок Јонг-Мјунг, на брифинг во вторникот рече дека наставничката е во болница каде ѝ се зашива рана на вратот.
Градското биро за образование објави дека наставничката побарала шестмесечно отсуство поради депресија на 9-ти декември, но се вратила на училиште само 20 дена подоцна, откако лекарот утврдил дека е способна за работа.
„Додека не одела на работа, размислувала за самоубиство. Неколку дена пред инцидентот, таа била насилна кон колега, велат од канцеларијата за образование“, велат од бирото за образование.