Ќучуќ идната недела доаѓ

Бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук наредната недела ќе престојува во посета на земјава.

Ќучук ова го објави во интервју за Канал 5 ТВ, во кое вели дека доаѓа во Скопје на средби со државнио-политичкиот врв во земјава.

Најави средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, со координаторите на политичките партии во Парламентот.

-Постои потреба од разговори, затоа што патот на реформите треба да продолжи, рече Ќучук.

Од средбите очекува конкретни ангажмани, кои Владата на Заев и досега ги демонстрирала на патот кон членството во ЕУ.

-Очекува продолжување на реформите во пресрет на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот Парламент и сакам да добијам појасна слика и детална информација за реформите, кои претстојат во земјата. Во однос на билатералните односи секогаш сум кажувал дека тие треба да се решаваат меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија. Има нарушен дијалог. Важно е да се вратиме повторно кон Договорот од 2017 година, нагласи Ќучук.

Додаде дека исклучително во тој Договор е што се дава можност за разговор за заедничкото минато, кој како што рече, воопшто не е лесен, но со него се поставуваат темелите за заедничката иднина.

На прашањето како бугарски државјанин дали гледа оправданост во ставовите на Софија, Ќучук вели дека двете земји се пријатели, народи се пријатели и потребно е да се направи се што е можно да се приближат кон ЕУ.

-Говорејќи за историјата таа не треба да не одвлекува од разговорот за иднината. Инфраструктурните, образовните и културните проекти треба да продолжат. Имаме потреба да знаеме повеќе за себе си и затоа јас секогаш сум кажувал и ќе продолжам да говорам за медиумските проекти, нагласи тој.