Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат.
– До сите мои пријатели во Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви – вели на Твитер известувачот за Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.