Ќучук: Собранието на РСМ испиша историја

Известувачот за Македонија, европратеникот од Бугарија Илхан Ќучук оцени дека со денешната одлука во македонскиот парламент се отворија вратите на ЕУ за земјата и дека е испишана историја.

Собранието на Република Северна Македонија денес испиша историја за иднината на Северна Македонија. Со 68 гласа „ЗА” беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред! – напиша на Твитер Ќучук, лидер на Европските либерали и  претставник на бугарската партија ДПС.