Француски воени авиони од утре ќе напаѓаат врз цели на Исламска држава од носач на авиони стациониран во источниот дел од Медитеранот.
– Носачот на авиони ќе биде оперативен од утре, изјави францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дријан, пренесува МИА.
Новата позиција на носачот на авиони Шарл де Гол е само девет дена по нападите во Париз во кој загинаа 129 луѓе.
Францускиот министер додаде дека државата ги презела сите мерки за предострожност предострожност од евентуален напад со хемиско или биолошко оружје за кој постои ризик. Тој додаде дека француските власти не исклучуваат ништо по серијата напади во Париз.