Безживотно тело на дваесет и едногодишно момче било пронајдено во базенот во куќата на американската Деми Мур.
Телото на Единелсон Стивен Вале било најдено во неделата, во раните утрински часови. Сите обиди на лекарите на Брзата помош, да му помогнат не успеале, па тој бил погласен за мртов на самото место.
Вале бил еден од членовите на домашната послуга на актерката.
Петнаесетина минути пред да биде откриено телото, на дното во најдлабокиот дел од базенот, тој бил исчезнат, па другите од послугата почнале да го бараат.
Инцидентот се случил за време на бучната и весела забава, во ноќта меѓу саботата и неделата, а полицијата верува дека Вале паднал во базенот.
Неговите роднини им изјавиле на истражните власти дека тој не знаел да плива.
Во времето кога било најдено телото, актерката не била во својата куќа.
На својата интернет страница Деми Мур им изрази сочувство на семејството и на пријателите на Вале, нарекувајќи го случајот како „неверојатна трагедија„ од која таа останала длабоко шокирана.
Куќата во која се случи инцидентот, Мур ја има купено заедно со нејзиниот поранешен сопруг, младиот актер Ештон Качер.
Деми Мур која сега има 52 години, едно време важеше за најдобро платена актерка во Холивид.