Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ

Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ. На чело на АНБ СДС го имаа Виктор Димовски, член на ИО на СДС и претседател на многу нивни партиски комисии и совети, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Виктор Димовски и другите раководители во АНБ истата ја користеа за политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, затоа се сега исплашени.

СДС и нивните удбашко шпионски структури се во страв од одговорност.

АНБ беше партизирана, а сега ќе се ослободи од влијанијата на СДС и ќе се професионализира“, велат од партијата.

СДСМ претходно повика Бојан Христовски да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност, бидејќи не ги исполнувал законските услови за позицијата директор на АНБ.

„Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара“, рече Илиевски и го повика Јавното Обвинителството да отвори постапка“, посочија од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

– Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Единствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање, рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.

Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.

– Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини за борба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да нѐ натераат да работиме под притисок, дополнително ме мотивира, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.