Удри гром во тарамвај во Загреб

фото: принтскрин

„Беше страшно, фрчеа истри во трамвајот…Патниците останаа внатре па, после се спасуваше кој како може“, сведочи за Плусинфо, загрепчанка која се нашла заробена во трамвајот за време на силното невреме кое попладнево одново го погоди Загреб.

За време на силната олуја, загрепскиот трамвај бил погоден од гром и сообраќајот бил во тотален хаос. Патниците останале внатре по првиот налет на невремето, а потоа во хаосот се снаоѓале кој како знае.

Загреб во изминатите денови два пати беше погоден од силно невреме проследено со дожд и силен ветар кој предизвика целосен хаос. Во првиот налет на олујата две лица го загубија животот, а предизвикана е и голема материјална штета.